Кошаркарите на Милано се поразени на последното гостување во Барселона, што беше нивен десети неуспех во 12 натпревари одиграни оваа сезона.

Тоа го разбесна претседателот и тренер на Милано Еторе Месина, кој уште сега тргна по засилувања за следната сезона.

Како што пренесува „Кориере дела Сера”, искусниот стручњак го контактирал италијанскиот репрезентативец Марко Белинели, кој е дел од франшизата на Сан Антонио Спарс.

Трофејниот тренер сака да го врати Белинели назад во Италија, како би го засилил Милано во домашното првенство и во Евролигата.

Белинели на крајот од оваа сезона ќе биде слободен агент, откако на 1. јули му истекува договорот со Спарс. Нема сомнеж дека српскиот играч Немања Недовиќ, кој ги брани боите на Олимпија Милано, ќе добие искусен соиграч за следната сезона.