Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски веќе не е дел од По Ортиз каде дојде пред  неполни два месеца.

Стојановски останува во Франција до крајот на сезоната, откако постигна договор со Гравелин Данкерк. Ваквиот развој на настаните помалку е неочекуван, бидејќи Војдан за само во два месеци во По Ортиз се истакна како еден од најдобрите во тој тим.

Новиот клуб на Стојановски се наоѓа во долниот дел од табелата во Франција и со неговиот ангажман се очекува да успеат во целта  да обезбедат опстанок во најквалитетната кошаркарска лига во Франција.