Ова е одлична вест не само за него, туку и за националниот тим, ако се знае дека тој е еден од носителите на Македонија која ја очекува борба за пласман на ЕП следната година.
„Задоволен сум од соработката со тренерот, имам одлични услови во Гравелин и немаше никаква причина да не го прифатам понуденото продолжување на договорот. Навивачите кои се зад екипата се фантастични и се радувам што повторно ќе играм пред нив. Само сѐ да заврши најдобро со пандемијата и конечно сите да се свртиме кон поубавите работи во животот“- изјави Стојановски.
Comments are closed for this post.