Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски отворено проговори за целите и амбициите за периодот кој следува откако го продолжи договорот со француски Гравелин.

„Лани тимот се бореше за опстанок, но овојпат управата е поамбициозна, од она што ми беше соопштено ќе биде направен ‘ремонт’ и на играчки и на стручен план. Односно со смена на помошни и кондициски тренери. Затоа и се надевам на борба за многу повисок пласман отколку во изминатата сезона.Искрено, не верувам дека постои шанса за такво нешто. И логички ако се размислува, како би се доиграла оваа сезона во септември, кога екипите треба да се веќе во наредната? Многу пореално сценарио е да се размислува за наредната. Од она што знам е дека главното прашање е дали следниот шампионат во ЛНБ да брои 18, или па да се прошири на 20. клубови учесници. И по кој систем би се одиграло, останува лигата да го даде конечниот збор. Како и да е, прво сето ова да помине, па после да дојде она најдоброто, да играме кошарка.“ – изјави Стојановски.

Стојановски брзо се прилагоди во француското првенство и заслужено дојде до нов договор. Сега останува да видиме како ќе се развива ситуацијата со коронавирусот и кога спортот ќе се врати во полн ритам.