Кaпитенот на машката кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски заминува од германскиот тим Олденбург, а оваа информација ја објавија од германскиот клуб на официјалниот сајт.

Стојановски по една сезона помината во оваа екипа заминува од редовите на Олденбург. На негово место веќе е доведена замена во името на американскиот кошаркар Кевин Меклејн,кој поседува и германски пасош.

Засега останува дилемата каде Војдан ќе ја продолжи својата професионална кариера.каде пред доаѓањето во Олденбург една сезона помина во турскиот тим Бујукчекмече, а претходно две години настапуваше во Шпанија.