Оптимизам и покрај двата воведни порази

Војдан Стојановски: Знам дека ќе одиграме многу подобро во ноември

Македонија има доволно време да се подготви за следните предизвици во квалификациите за Европското кошаркарско првенство.

По поразите од Естонија и од Русија во воведните две кола, нашиот репрезентативец останува позитивен.

„Факт е дека до ноември има долг период пред нас. Она што јас искрено си посакувам е да нè служи здравје сите. За наредните средби да бидеме комплетни. Тогаш ќе знаеме што нè чека. Знам дека ќе одиграме многу подобро. Дека ќе стигнеме до победа, и со самото тоа да се вратиме во трката за настап на Европското првенство следната година“ – изјави Војдан Стојановски.

Македонија можеше но не успеа да наприви изненадување во Перм, тоа го потврди и Стојановски.

„Ова е играта која треба да ја негуваме во иднина, без разлика што сега загубивме. Треба да бидеме борбени во сите 40. минути, и треба да веруваме во сопствените сили, не треба да гледаме на противниците со респект. Се боревме, навистина игравме добро, мислам дека ни недостасуваше малку енергија па и  малку среќа во финишот.“– објаснува Војдан Стојановски.

Во третото коло од евроквалификациите, Македонија ќе и гостува на Италија, натпреварот е закажан за 27 ноември оваа година.


Comments are closed for this post.

Репрезентативниот голман порачува

Димитриевски: Првиот натпревар против Лихтенштајн е најважниот за нас

Предводникот на вардар со порака

Вујовиќ: Заедно со навивачите можеме да победиме секого па и Алборг

Ждрепката во ффм одлучи

Тетовско дерби во осминафиналето од Купот на Македонија