НБА тимот на Бостон Селтик според информациите во САД ќе остане без Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд кои си одат поради лошата работа на генералниот менаџер Дени Ејнџ.

Замена за Ирвинг се гледа во плејмејкерот на Шарлот, Кемба Вокер. 29-годишникот е слободен играч, а Хонетси не сакаат да му понудат максимален договор.

За да се ослободи простор за парите кои ги бара Вокер, Бостон ќе се раздели и со Тери Розиер на кого договорот му е девет милиони долари годишно.