Челниците на најсилната кошаркарска лига во светот НБА одлучија од новата сезона тренерите да добијат можност за challenge на натпреварите, како што имаат тренерите во американскиот фудбал (НФЛ).

Challenge ќе може да побараат еднаш на натпреварот и ќе можат да го искористат само ако имаат на располагање тајм-аут.

Оваа правило сосем сигурно ќе доведе одреден напредок во НБА лигата, особено во изминатите години кога судиите правеа огромен број на грешки во клучните моменти од натпреварите. Првите луѓе во НБА лигата сметаат дека воведувањето на challenge дополнително ќе ја унапредат играта.