Кошаркарките на Бадел утревечер во салата „Независна Македонија“ во скопска Кисела Вода го дочекуваат тимот на Бановиќи од 19 часот.

Ова е натпревар од осмото коло од групата Б во ВАБА лигата, каде досега имаат скор ор две победи и пет порази.

На првото овосезонско соочување со Бановиќи, Бадел 1862 оствари гостинска победа од 70:57.

„Екипата на ЖКК Бадел 1862 се наоѓа пред двата најзначајни натпревара во својата клупска историја, кога станува збор за регионалната WABA кошаркарска лига. Сезонава ги остваривме првите две победи, против РМУ Бановиќи и Партизан со што сме во Позиција да се бориме за пласман во следната фаза од натпреварувањето, односно за место во Суперлигата каде ќе учествуваат најдобрите 8 тима од двете групи по првата фаза. Бадел 1862 во моментов е на четвртата позиција во групата Б со скор 2/5, пред Партизан со 1/5 и Бановиќи со 0/7. Победа против директниот конкурент Партизан, би ни ја обезбедила четвртата позиција во групата која води во Суперлигата.“ – соопштуваат од Бадел 1862.

На 15 декември, на домашен терен, Баделки се домаќинки на Партизан кого го совладаа во Белград со 73:70.