„Градски Парк“ е домаќин на големото дерби во Скопје, Работнички го пречекува МЗТ Скопје во нова голема пресметка на ривалите во македонската кошарка.

Средбата започнува од 18 часот, ова е дерби на 7. коло во Првата лига и секако привлекува големо внимание кај домашната кошаркарска јавност.

МЗТ Скопје е во форма, има три едно п одруго победи, Работнички го сдака „скалпот“ на шампионот, очекуваме добра и неизвесна кошарка и голема борба на вечните ривали.

Ова дерби ќе има и хуманитарен карактер, Работнички реши  средствата собрани од влезниците да се наменат за изградба на куќа на семејството Јовановски од Битуше.