Македонската јуниорска машка кошаркарска репрезентација го запиша вториот триумф на ЕП Б Дивизија кое се одржува во Орадеа Романија, откако ја совлада Украина со 73-71.
Со оваа победа избраниците на Тони Симиќ се поблиску до првото место во нашата група на шампионатот.
Андреј Јакимовски со 21 поен и 11 скокови беше прв играч на денешниот меч, Лејсон Зекири учествуваше со 12 поени во победата, а Миловановиќ реализираше осум поени, но имаше и 11 скокови во борбата под кошевите.
Македонија утре во третото коло ќе се сретне со селекцијата на Грузија.
Comments are closed for this post.