Кошаркарките на Баскет Кам 2011 не успеаја да направат изненадување во дуелот со словенечкот пртеставник Триглав. На свој терен, во Македонска Каменица заостанаа за четири поени, загубија со 74-78 во ВАБА лигата.

Гостинските кошаркарки до клучната предност дојдоа практично во првиот период од играта во кој поведоа со двоцифрени (26:13). Но екипата од Македонска Каменица немаше намера да се рпедаде.

Како одминуваа минутите, така домашната екипа беше се поблиску до пресврт. Особено добра завршница имаше македонскиот шампион во која скоро и ја анулираше високата предност на противникот. На нецели две минути пред крајот, по кошот на Адамс, дојдоа на -2 (74:76). Нецела минута подоцна, Алексиќ не погоди тројка за израмнување, потоа загуби уште една топка, а Бургар, со едно реализирано слободно фрлање, ја потврди победата на Триглав.

Со 20 поени, Адамс беше прв стрелец на Баскет Кам 2011, одлично издание имаше и капитенот Катерина Поп Димитровска која даде 19, додека Алексиќ заврши со 17. реализирани поени.

Во следниот круг од натпреварите, екипата од Македонска Каменица, на 8. декември, го дочекува составот на Будуќност Бемакс од Подгорица.