МЗТ Скопје вечерва во Сплит го против истоимениот тим го очекува нов предизвик во АБА2 Лигата. „Штрковите“ во овој меч влегуваат по тешкиот пораз во домашното првенство од Гостивар, меч кој е веќе минато за македонскиот шампион.

МЗТ по 16.кола се наоѓа на втората позиција во регионалното натпреварување зад Борец од Чачак, а против Сплит влегуваат како фаворити. Во привот меч сезонава „аеродромци“ славеа на домашен паркет.

Против себе имаме квалитетен тим, кој игра подобро на домашен терен, ќе дадеме се од себе за да дојдеме до посакуваната цел, а тоа секако е победата“- изјави Бојан Радуловиќ.

Дуелот меѓу Сплит и МЗТ Скопје ќе започне во 19 часот.