Евролигата ги суспендираше и елитното европско натпреварување и Еврокупот, но доцна. Кошаркарот на Реал, Треј Томпкинс, го префати Коронавирусот и со тоа го отера во карантин и целиот Реал.

Интересно, токму Томпкинс беше еден од најгласните да не се патува на средбата со Армани во Милано, но Евролигата немаше слух.

Натпреварот се одигра без публика, но играчите на Реал беа во епицентарот на Коронавирусот и имаа контакт со луѓе на аеродромот, во хотелот, салата, па и со играчите на Армани.

Американецот не се поздрави со противничките играчи и носеше маска и заштитни ракавици надвор од салата, но сето тоа беше залудно.

Зошто да не играме на неутрален терен? Овој вирус е навистина опасен, па затоа ве молам озбилно и да го сватите“, напиша Томпкинс на својот твитер, додека се уште не беше решено дали средбата ќе се игра.