Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан.

Белградски Курир објави дека најтрофејниот европски кошаркарски тренер потпишал тригодишен договор.

Обрадовиќ тренерската кариера ја започна со освојување на титулата европски шампион со црно-белите, на чија клупа се враќа по 28 години.

Девет пати ја освои Евролигата, а беше шампион со Реал, Панатинаикос и Фенербахче.