Последниот учесник во кошаркарската Евролига за сезоната 2019/2020 е екипата на руски Зенит.

Одлуката беше донесена од страна на бордот на кошаркаската Евролига ,по што Русија во новата сезона ќе има три претставник во најелитното друштво.

Освен Зенит,покана во Евролигата добија уште францускиот Асвел и германскиот Баерн.Сезоната започнува на трети октомври,додека фајнл – фор завршницата оваа година ќе се одигра во престолнината на Грција,Атина на крајот на месец мај.