Кошаркарите на Зенит ќе мора да се помират со два службени порази во Евролигата во оваа ссезона откако клубот не успеа да наброи доволен број на играчи кои би настапиле на дуелот со Басконија вчеравечер и со Валенсија во петок.

Евролигата реши да ги прогласи овие два натпревари со службена победа за противниците на Зенит, тимот кој се соочува со сериозна Ковид-19 криза и заразени 13 кошаркари.

Според протоколот на Евролигата, клубот која нмеа да обезбеди најмалку осумина играчи со негативен Ковид-19 тест, мора да го загуби мечот со службени 20-0.


Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис изјави дека Евролигата мора да почне да бара поинакви решенија затоа што моменталните се лоши и го нарушуваат кредибилитетот на натпреварувањето во целост.