Македонската женска кошаркарска репрезентација го одржа првиот собир во пресрет на  квалификациите за Европското првенство 2021 година.

Новиот селектор Владимир Ѓоровиќ денес направи прозивка и одржа прв тренинг со сениорките. Селекцијата се очекува да биде во полн состав овој викенд кога  ќе се приклучат интернационалките кои настапуваат надвор од границите на државата.

Наредната недела Македонија ги започнува квалификациите и тоа на гостувањето против Германија на 14 ноември, а три дена подоцна на домашен терен ќе ја пречекаат Летонија.