Синоќа во НБА лигата, меѓу другото, се одбележа дуелот помеѓу Лука Дончиќ и Руди Гобер. Двајцата Европејци беа во првите редови во судирот помеѓу Далас Маверикс и Јута Џезз.

Кулминацијата беше постигната на крајот на третата четвртина кога Дончиќ го фаулираше Гобер по неговиот офанзивен скок, што го иритираше Французинот и го оттурна.
На тоа веднаш реагираше соиграчот на Дончиќ, Финли-Смит, кој му возврати на Гобер со иста мерка, па играчите на двата тима се најдоа во клинч.

На крајот Далас победи со 111: 103 со 31 поен (11/26 од игра, 6/11 за три), 9 скока и 8 асистенции. Гобер постигна 14 поени без промашување од натпреварот со 15 скока.