Најавуваа силен клуб, кој ќе се бори за висок пласман, сепак, на пет дена пред почетоткот на шампионатот, кошаркарскиот клуб АВ Охрид згасна.

Вечерва состанок ќе одржат управата и стручниот штаб, причините за згаснувањето засега се непознати.

Шокантната вест ја објавија неколку членови на екипата, во првото коло АВ Охрид требаше да се сретне со Кожув.