Машката одбојкарска селекција на Бразил го освои златниот медал на Светскиот куп (СК), кој се одржа во Јапонија, на кој забележаа максимален број на победи, односно 11 од исто толку средби.

Во последното коло „Кариоките“  со максимални 3-0 ја совладаа репрезентацијата на Италија. За Бразил ова е трета титула во оваа конкуренција по освоените трофеи во 2003 и во 2007 година. Бразилците во текот на овој турнир беа подобри од Канада, Австралија, Египет, Русија, Иран, Аргнентина, САД, Тунис, Полска, Јапонија и Италија на кои загубија само 6 сета.

Полска го освои сребрениот, а бронзениот медал им припадна на САД.