Во овогодинешното финалет во одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција ќе играат Универзитет Тетово и Џио Струмица.
Ова е епилогот по денешните полуфинални дуели на кои Универзитет Тетово ја совлада Шкендија со 3:0 а Џио Струмица беше подобра од Вардар со 3:0. Ова е седмо финале за струмичани во последните девет години.
Финалето е закажно за в недела од 18 часот а се игра во салата „Парк“ со ТВ пренос на МТВ.
Во женска конкуренција утре во полуфиналето ќе играат Вардар жени 2019 против Работнички Скопје, и Струмица жени ќе се соочи со Јанта волеј Кисела вода.
Comments are closed for this post.