Одбојкарската репрезентација на Македонија се враќа дома откако Финска во неверојатен натпревар ја победи Турција со 3-2 и ни го згасна сонот за пласман во осминафиналето на Европското првенство.

Фунска го доби првиот сет со 25-20, следуваше одговор на Турција со два освоени сета во низа, 25-15 и 25-18.

Кога се чинеше дека ќе го видиме осминафиналето, Финска прави пресврто ги освои следните два сета со 25-23 и 15-13 за пласман во осминафинале.

Немаме што да жалиме, одигравме храбро на континеталниот собир и можеме да им честитаме на нашите одбојкари засе што направија на спортски план на ЕП во Словенија.