Холандија убедливо ја порази Македонија со 3-0, второ коло во Ц-групата на Европското првенство во Финска.

Во Тампере, Македонија беше немоќна против силната Холандија, тие ја оправдаа фаворитската улога и запишаа победа со 25-20,25-18 и 25-22.

Холандија одлично не блокира на мрежа, имаа 15 блокади, и заслужено стигнаа до победа. Следно за Македонија е дуелот со Турција на 5 септември.