Македонија и Скопје ќе бидат домаќини на женското одбојкарско Европско првенство за играчи до 19 години кое ќе се одржи во 2022 година.

Оваа информација ја потврди Европската одбојкарска федерација, „ЦЕФ“, а како што велат тие ваквата одлука е заслуга пред се поради работата на Македонската федерација и сениорите кои годинава за прв пат се најдоа на еден континентален собир. Ако некој требаше да направи споредба на нашата одбојка сега и пред две години, ќе изгледа како да прави компарација на две различни земји и два различни спортови.

Пласманот на ЕП на одбојкарите беше долгорочен сон на многу луѓе во земјава, а Европското првенство на кое ќе бидеме организатори ќе биде кулминација за сите љубители на одбојката, а искрено звучи помалку неверојатно. Изминатата 2019 година без сомнение беше најуспешната во историјата на македонската одбојка.