Во натпревар во кој доминираше одличниот блок но и сервис на противникот, нашата машка одбојкарска репрезетанција загуби во полуфиналето на традиционалниот меѓународен пријателски турнир „Чајка 2019“.

Украина победи со 3:1 во сетови откако во воведните два славеше со 25:21 и 25:20 на ова Македонија одговори со намалување на 2:1 со 22:25.

Во последниот четврти сет кој се покажа како решавачки, Украина не дозволи мечот да влезе во петти сет добивајчи го сегментот со 25:20.

Нашиот капитен, Никола Ѓорѓиев со 18 поени беше најдобариот поединец во редовите на црвено-жолтите.

Македонија утре во натпреварот за третото место ќе игра со поразениот од дуелот на Белгија и Бугарија.

По учеството на турнирот во „Градски Парк“ нашата репрезентација ќе ги продолжи подготовките за деби настапот на ЕП со два пријалтелски натперевари на гостински терен кај Албанија.