Македонската машка кадетска репрезентација го освои третото место на Балканското првенство во Косово по победата над Албанија од 3:1(22:25, 25:19, 25:19, 25:22).

Избраниците на Ванче Санев по лошиот влез во натпреварот и водството на Албанија од 1:0 во сетови се вратија во полн ритам и ги одвоија трите преостанати сета.

Со ова нашата селекција во оваа воздрасна категорија испиша историја како прва генерација која успеала да забележи ваков успех на Балканските првенства.