Македонската машка кадетска одбојкарска репрезентација ја запиша втората победа на Балканското првенство во Урошевац.

Избраниците на Ванче Санев денеска славеа над Црна Гора со 3:1 по сетови (19:25, 25:20, 25:18, 25:23) и со ова ги задржија шансите за висок пласман на овој турнир.

Вчера во воведното коло го победија Косово а за утре е закажан мечот од третото коло против Романија.