Македонската машка одбојкарска репрезентација во деби настапот на Златната лига ќе биде дел од Ц конкуренцијата а ќе игра против Чешка, Португалија и против Турција.

За пласман на завршниот турнир, Македонија мора да биде меѓу четирите најдобри селекција од трите групи, односно да го освои првото место во својата група. Фајнл фор турнирот е предвиден за 20 и 21 јуни во Белгија.