Македонската одбојкарска репрезентација се подготвува во Марибор за настапот на Европското првенство во Словенија.

Ова се завршни тренинзи пред мечот со Финска на 12 септември, нашите одбојкари подготвено го очекуваат овој прв натпревар на завршниот турнир на ЕП.

Македонија е во групата „Ц“  на Европското првенство во Словенија, противници се  Финска, Турција, Русија, Белорусија и со Словенија.