Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација пред една недела во Маврово го започна вториот дел од подготовките за настап на ЕП во септември.

Деновите минуваат во одлична атмосфера, но денешниот има посебен повод за мало славје, покрај напорната работата.

Во друштво со своите колеги од репрезентацијата, Никола Ѓоргиев го прослави својот 31 роденден, а како изненадување доби торта.