Русија очекувано запиша победа над Македонија на Европското првенство во Словенија, победата од 3-0 е сосема реален исход на настаните во „Стожице“, одигравме одличен трет сет.

Македонија освои 15 поени во првиот сет против „зборнаја“ . Во вториот, Русија одигра со ист ритам и го резлизира со 25-16.

Во третиот сет „зборнаја“ се намачи, се играше драматично, Русија ја доби петата меч топка и запиша победа со 30-28. Македонија утре има ден за одмор а во понеделник се среќава со Белорусија.