Еден од најдобрите светски одбојкари,  Ервин Нгапет, e уапсен во Бело Хоризонте под обвинение за сексуално вознемирување.

Бразилските медиуми пренесуваат дека францускиот репрезентативец, за време на Светското клупско првенство, при една забава во ноќен клуб, фатил некоја девојка за задникот. Таа го пријавила ваквиот чин на Енгапе, а полицијата набргу дошла и го уапсила Нгапет. Французинот во моментов е во притвор и чека да се појави пред Суд. Тој ја призна својата вина, но се правда со тоа што наводно мислел дека девојката е од неговиот тим.

Ова не е првпат тој да има проблем со законот, бидејќи во минатото беше осуден на три месеци затвор поради удирање на кондуктор во воз.