Тимот на Матијашевиќ полека се комплетира. Од вечера во тренажен процес е Ѓорѓи Ѓорѓиев кој ја санираше повредата и наскоро ќе може во полн ритам да одговори на барањата на репрезентацијата додека Филип Маџунков до недела нема да биде во комбинација за тренинг.

Од ОФМ за Дриблинг потврдија дека Александар Милков веќе е во Маврово но допрва ќе се утврдува неговата физичка можност и капацитет по што ќе биде одлучено дали тој ќе патува на ЕП во Словенија.

„Спартанците“ во Маврово ќе останат уште десетина дена по што следуваат контролните натпревари пред заминувањето во Љубљана.

Македонската одбојкарска репрезентација ова лето има долги и напорни подготовки со цел, добар деби настап на континенталниот собир.