Македонија ја победи БиХ со 3-1, важен почетен триумф во борбата за пласман на ЕУРО, ова беше посакувана победа иако не е со  максимален резултат.

Капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓорѓиев, смета дека против БиХ можевме подобро да одиграме, но најважна е победата.

„Босанците одиграа подобро од тоа што ние го очекувавме, ние малку послабо од тоа што го посакувавме. Не знам на што се должи нашата послба игра, можеби недоволната тактика бидејќи немавме доволно информации за противникот или пак од стрес. Сепак во овој момент е најважно е дека победивме. Ќе анализираме, треба да ги поправиме грешките и да се подготвиме добро за мечот со Турција во среда“ – изјави Ѓорѓиев.