Македонските одбојкари ги привршуваат подготовките за новото издание на Европската сребрена лига.

Тренинзите ќе се одвиваат  во салата „Парк“ во Струмица каде што ќе бидат одиграни средбите од првиот турнир во групата „А“, како и завршниот на најдобрите четири тима.

Македонската репрезентација после три финалиња во ова натпреварување имаат нова амбиција а тоа е освојување на златото во финалниот турнир после три неуспешни финалиња.

„Ова ќе биде долг репрезентативен период и задоволство е што ќе го почнеме со Европската сребрена лига , во која се враќаме по три години пауза.Сакаме да го освоиме првото место,а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември.Амбициите се јасни и верувам дека се остварливи,“ истакна капитенот Ѓорѓиев