Со убедливи 3-0 во сетови (25-17, 25-23, 25-18), за само 83 минути Аргентина ја совлада селекцијата на Србија во рамки на 12-тото коло од Лигата на нации.

Одбојкарите на Србија беа немоќни да се спротивстават на расположениот противник, па Аргентина стигна до својата шеста победа во Лигата на нации, а ова за Србија е седми пораз, трет во низа.

Најрасположен во составот на Аргентина беа Бруно Лима и Езекиел Паласиос со реализирани 15 поени, Факундо Конте додаде 10. Кај поразениот тим, единствен играч со двоцифрен учинок беше Среќко Лисинац со 11 поени.

Со овој пораз, Србија и математички ги загуби шансите за пласман на финалниот турнир кој ќе биде организиран во Чикаго.