Денешната ждрепка ги одреди ривалите на македонската одбојкарска репрезентација на претстојното Европско првенство, а македонските одбојкари посочија дека групата нуди можност да се создадат добра игра и позитивни резултати.

За потсетување на денешната ждрепка, Македонската селекција за противници ги доби домаќинот Финска, како и селекциите на Русија, Холандија, Турција и Шпанија.

„Групата не е толку лесна, но не е ниту многу тешка. Ние втор пат ќе играме на едно ЕП и сега ќе бидеме поискусни. Противниците ни се познати и ни преостанува добро да се подготвиме за нив. Како и на претходното, ние и на ова ЕП одиме да се бориме и да го покажеме најдобро од Македонија во одбојка, истакна репрезентативецот Александар Љафтов.

Македонските одбојкари од утре до недела инаку го играат вториот дел од групната фаза во Европската сребрена лига против Данска, Израел и Кипар.