Македонската машка одбојкарска репрезентација ја одработува втората фаза од подготовките за настапот на ЕП во септември. Со променет ритам на работа и со засилен стручен штаб, селекторот Матијашевиќ има солидни услови за работа, а ова го потврдуваат и одбојкарите.

„Многу работиме на технички план затоа што сакаме да бидеме максимално воиграни. На физички план, исто така можам да кажам дека се подготвуваме квалитетно, тренираме комбинирано на стадион и во сала за товар, така што мислам дека максимално ќе ја искористиме подготвителната етапа во Маврово. Најважно е да издржиме во овој ритам, па финалната глазура на формата да ја направиме со контролните натпревари“. Изјави Александар Љафтов за официјалниот сајт на одбојкарската федерација.

Подготовките во Маврово ќе траат до 15 август по што ракометарите се враќаат во Скопје. Закажани се девет контролни натпревари пред заминувањето за Словенија.