Европската одбојкарска асоцијација и ја додели улогата на домаќин-организатор на Одбојкарската федерација на Македонија за завршниот турнир во Сребрената лига.

Ова значи дека нашата репрезентација ќе биде организатор на турнирот на почтокот од јуни непосредно по двата турнир во групната фаза предвидени за крајот на мај.

„ОФМ ја реализира својата стратешка определба да биде една од најактивните федерации во организација на големите натпреварувања, а со тоа да им ги овозможува сите услови на македонските одбојкари да ја продолжат серијата успешни резултати. По дветепобеди на дебитанскиот настап на европските првенства, на квалификацискиоттурнир во јануари во Скопје, нашата селекција обезбеди настап на претстојнотоЕвропско првенство, а сега ќе има шанса на домашен терен да игра за првото злато во Европската лига откако досега освои три сребрени медали во 2015, 2016 и 2017. Во 2018-та, кога ОФМ првпат организираше завршен турнир во Европската сребрена лига, црвено-жолтиот национален состав беше четвртопласиран, а сега ќе има уште една можност да ја реазлизира долгогодишната цел, со што со полна самодоверба би го дочекал Европското првенство 2021.“ – соопштија од ОФМ.

Македонската сениорска машка одбојкарска репрезентација е во групата со Израел, Данска и Кипар.