Македонската машка одбојкарска репрезентација по поразот од Турција вчера, вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ има само една опција против БиХ, победа и тоа со максимален резултат за пласман на ЕУРО во септември.

Македонија еднаш ја победи БиХ во Скопје, пред неколку дена запишавме триумф со 3-1, сега мораме да победиме со 3-0. Средбата меѓу Македонија и БиХ се игра од 18 часот.

Во нашата квалфикациска група селекцијата на Турција е со максимални 2 победи и засега ја оправдаа фаворитската улога на овој квалификациски турнир.