Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација денеска во Софија ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари со селекцијата на Бугарија,  ова с епоследни два теста за нашиот национален тим во пресрет на квалфикациите за ЕУРО  од 11 до 16 јануари во Скопје.

Првата контрола со Бугарија денеска се игра од 16 часот, утре  од 15 часот ќе го одиграме и вториот меч по што нашата репрезентација се враќа во Македонија.

Во македонскиот репрезентативен табор ќе има само една промена во однос на составот од арената „Борис Трајковски“, а тоа е Деспотовски на местото на Ефтим Ричлиев. Од целосниот состав, покрај Маџунков, повторно меѓу кандидатите за настап не е Стефан Алексов.

Квалификациските натпревари против Турција иБосна и Херцеговина од 11-до 16-ти јануари  ќе се играат во арената „Борис Трајковски“.

Првото место сигурно значи пласман на континенталниот шампионат во септември кој ќе се одржи во Полска,  Чешка, Естонија и во Финска, постои реална шанса  реална шанса и со второ место, затоа што учество во елитата ќе обезбедат и најдобрите пет од второпласираните селекции во седумте групи.