Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Златната Европска Лига на која ушество ќе земат 12 репрезентации.

Ова денеска го потврди Европската одбојкарска федерација „ЦЕВ“ а доаѓа како резултат на подобрениот рејтинг на нашиот национален состав по настапот на последното Европско првенстгво (за нас, прво, историско). Нашата селекција е на 21 место на ранг листата а предходно се натпреваруваше во Сребрената Европска Лига.

„Во престижната конкуренција највисокорангирана е Белгија како шеста одбојкарска сила на континетот, а зад неа, но во првите десет е и Холандија. Покрај нив, ќе учествуваат и Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија и Португалија, како и послабо рангираните од нас Белорусија и Романија. 12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи со по четири,секој ќе одигра со секого дома и на гости, првото коло е планирано за викендот на 23-ти или на 24-ти мај, а последното, шесто, на 13-ти или на 14-ти јуни. Завршниот турнир ќе биде закажан на 20-ти и на 21-ви јуни.“ – информираа од ОФМ.

Македонија има освоено три сребрени медали, една бронза а лани беше четвртопласирана во Европската лига.