На основните подготовки им се гледа крајот, нашите најдобри одбојкари наскоро ќе продолжат да ја темпираат формата со контролни натпревари. Додека да дојде првиот пријателски меч со Романија, секој добива различна задача од кондициониот тренер во зависност од досега прикажаните резултати.

Овој краток видео спот го сподели Одбојкарската федерација на Македонија на официјалниот Фејсбук профил со наслов: Нема појака екипа во моментов.