Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска со дуелот против Босна и Херцеговина го започнува настапот во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Без Филип Маџунков во кој поради повредата на коленото нема да игра денеска и на следните два меча, Македонија посакува влез во евроквалификациите со победа.

„Според мене, главна и основна задача е да се квалификуваме, дали како први или како втори, не е толку важно. Би било идеално да сме први и на 16-ти навечер по натпреварот со Турција, да знаеме дека сме квалификувани, да можеме да планираме, да се организираме, а не да чекаме“ – изјави селекторот на Македонија, Матијашевиќ.

Натпреварот Македонија – БиХ се игра денеска од 18 часот. Според пропозициите во квалификациите, пласман на ЕП носат првите места во квалификациски групи како и петте најдобро второласирани од седумте групи.