Македонската машка одбојкарска репрезентација го оствари најдобриот пласман во историјата, откако на најновата ранг листа на ЦЕВ, скокна две места и сега е 21-ва континентална сила.

Причина за овој напредок е одличниот настап на Европското првенство годинава, на коешто иако беа дебитанти, црвено-жолтите се најдоа на прагот на влез во осминафиналето.

Нашите одбојкари издвојуваа две победи против Белорусија и над сребрената Словенија во групната фаза, и со малку среќа можеја да се најдат помеѓу 16-те најдобри во Европа. Вака македонските одбојкари го освоија 17-тото место во конечното рангирање на континенталниот собир на којшто првпат учествуваа 24 репрезентации.

На врвот на листата е Србија која го освои златниот европски медал, а зад неа е првакот во Лигата на нации, селекцијата на Русија. Полјаците се трети, Французите четврти, а во првата петка е и Италија.