Македонската машка одбојкарска репрезентација ја заврши првата фаза од подготовките за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во септември.

Реперезентативците по тринеделна работа во Скопје ги чека три седмици одмор пред да се соберат повторно на 14 јули во Маврово, за кога е закажан почетокот на главниот дел од подготовките за настап на  ЕП.

После. Маврово одбојкарите ќе се подготвуваат преку серија пријателски натпревар, кои стартуваат со двомеч против Романија на гостински терен од 16 до 19 август.

Следно на агендата е 43. издание на меморијалот „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“, кој е предвиден за 30 и 31 август во Скопје на кој покрај Македонија ќе настапат Бугарија, Белгија и Украина.

Непосредно пред настапот на ЕП, односно од 5 до 8 септември Македонија во Сент Полтен ќе одигра двомеч со Австрија, која ќе биде последна проверка пред шампионатот.

Од Австрија одбојкарите ќе заминат за Словенија, односно Марибор, каде ќе тренираат два дена, за потоа да продолжат во Љубљана каде ќе го чекаат стартот на ЕП.

Да подсетиме Македонија е дел од групата Ц заедно со домаќинот Словенија, европскиот првак Русија, а тука се уште Турција, Белорусија и Финска.