Македонија загуби од Србија со 1-3 (25:17, 28:26, 23:25, 25:23), пријателски натпревар на кој успеавме да освоиме еден сет, и тоа вториот, останатите три ги загубивме.

Ова беше втор меч со Б-тимот на Србија и втор пораз за Македонија, сепак ова се почеток на  подготовки за Сребрената европска лига, смета селектрот на нашиот тим.

„Генерално никогаш не сум задоволен кога губиме, но кога играте против Србија, официјален првак на Европа, немате право на грешки, освен во првиот сет, другите ги одигравме добро. Ние сме во фаза на подготовки, пријатно сум изненаден од квалитетот на играта, ние формираме нова репрезентација чие време доаѓа, два пати се квалификувавме за ЕУРО, нашите амбиции се големи, европската лига ќе се одржи во Скопје, сакаме да ја освоиме, се надевам дека ќе играме добро.“ – изјави Никола Матијашевиќ по мечот со Србија.