Неискуството беше пресудно досега на шампионатот, смета селекторот Никола Матијашевиќ, тоа се покажа  и во третиот сет против Русија која на искуство не  спречи да освоиме сет против великанот Русија.

„Се ќе направиме да бидеме препознатливи во играта, не се посрамотивме, немавме искуство, ако ги анализираме последните три поени со Русија ќе се види нивното искуство. Немаме што да загубиме против Белорусија и Словенија, само можеме да добиеме, се надевам дека ќе успеам на играчите да им пренесам да бидат победници. Мислам дека треба да поработиме на техничкото ниво на тимот. Белорусија ќе ја анализираме, уште од вечерва ќе ја „нападнеме“ имаат добар тим, компактен тим, се надевам дека нашите играчи ќе играат растоварено и ќе им покажеме на оние кои не веруваат во нас дека сме квалитетни“ – изјави  селекторот Матијашевиќ.

 

Македонија утре има ден за одмор, во понеделник од 20-30 часот се среќава со Белорусија.