Македонската одбојкарска репрезентација ги одработува завршните анализи пред деби настапот на ЕП во Словенија. Утре на програмата е натпреварот со Финска.

Еден од поискусните во нашиот тим, Александар Милков верува дека Македонија може со победа да почне на континенталниот собир на тоа се потребни добар прием и добар сервис.

„Добро се подготвуваме во Марибор. Најважно е тоа што сме сите здрави и во оптимална форма. Ова ни е најважниот натпревар на првенството и многу ќе ни помогне ако го добиеме. Мотивацијата ни е на највисоко ниво и секога кога играме против фаворити секогаш сме сме успевале да ги добиеме нив.“ – изјави Александар Милков.